Министерството за транспорт и врски објави оглас со кој по пат на електронско наддавање нуди на продажба на 11 државни градежни парцели за изградба на винарски визби во Росоман и Дебарца. Се нудат осум градежни парцели во општина Росоман и три во населеното место Мешиште во општина Дебарца. Почетната цена на квадратен метар изнесува 120 денари. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 14 јуни годинава, додека постапката ќе се одржи на 21 јуни во општина Росоман и општина Дебарца. Целта е привлекување нови домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места.
Министерството за транспорт и врски објави оглас со кој по пат на електронско наддавање нуди на продажба на 11 државни градежни парцели за изградба на винарски визби во Росоман и Дебарца.
Се нудат осум градежни парцели во општина Росоман и три во населеното место Мешиште во општина Дебарца. Почетната цена на квадратен метар изнесува 120 денари.
Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 14 јуни годинава, додека постапката ќе се одржи на 21 јуни во општина Росоман и општина Дебарца. Целта е привлекување нови домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места.